речник контакт

Знаете ли за велешкиот насилник?

Знаете ли дека во Велес се врти еден насилник кој напаѓа жени и целта му е да ги дави? Е па има! Веднаш на [b]Повеќе[/b] за повеќе информации.

Зоран Николов

Се работи за Р. К., кој последното насилство го извршил во зградата кај долното Тедико во центарот на градот. Жртвата на нападот тврди дека била нападната откако влегле заедно во лифтот и откако го прашала на кој спрат ќе оди. Тој тогаш ја фатил за вратот и и се заканил дека лошо ќе помине ако писне. Добра околност притоа било тоа што лифтот се уште не бил тргнат, па таа импулсивно изреагирала, го турнала и избегала врескајќи. Набрзо потоа, Р. К. бил пронајден и уапсен. Неофицијално имаме сознанија дека тој на сличен начин нападнал и некое девојче во населбата кај ОУ „Васил Главинов“. Откако рефлексно сврескало девојчето, тој побегнал. Се обидел да задави и некоја жена која била во својот автомобил; демек сакал да ја праша нешто и преку отворениот прозорец ја фатил за вратот. Не успеал во ниеден наврат да направи нешто посериозно (фала Богу) освен тоа што ги истрауматизирал неговите жртви. Затоа жени, внимавајте каде одите, оти секаков народ има!

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »